Kapital Media Group настани


  • Обука "Изработете го својот проект за ИПАРД програмата за рурален развој”

    10.12.2009,

    Дводневна обука за запознавање со моѝностите за користење на ИПАРД програмата на ЕУ наменета за земјоделие и рурален развој. По оваа обука, учесниците ќе бидат детално запознаени со критериумите и условите за користење на ИПАР, постапката за аплицирање, потребната документација и детали за проектите кои треба да се напишат и аплицираат за користење на овие ЕУ фондови Повеќе »

  • Обука „Унапредување на продажбата во време на криза“

    03.12.2009,

    Отворен тренинг за унапредувањњ на продажбата, за дефинирање на продажни стратегии, нивно поврзување со маркетинг активностите, како развивање на техники за создавање конкурентска предност се само дел од темите на семинарот „Унапредување на продажбата во време на криза“ кој ќе се одржи на 19 и 20 ноември во Скопје Повеќе »

  • Тркалезна маса “Една година инвестициски фондови во Македонија“

    22.10.2008, Клуб на новинари, Скопје

    Тркалезната маса ја организираата Капитал Медиа Гроуп и Проектот за деловно опкружување на УСАИД на 22 октомври во Клубот на пратеници во Скопје. Следува и специјален прилог во Капитал на оваа тема Повеќе »

  • “Фондовите на ЕУ – можности и перспективи”

    01.10.2007, х.Александар Палас, Скопје

    Целта на конференцијата е учесниците да дојдат до одговорот на следниве прашања:
    - Кои и колку фондови и се на располагање на Македонија?
    - Кои средства се оперативни во моментов?
    - Како можат истите да се користат?
    - Која е технологијата на тендерирање и исплата на средствата?
    - Кои се нивните потенцијални корисници?
    - Како треба Македонија подобро да се подготви за нивно поефикасно користење?
    - Какви се регионалните искуства во користењето на претпристапната европска помош?
    Повеќе »

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,64 61,95
USD 47,79 48,03 48,27
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп