Анализи

Бугарски а наши!

22.12.2009

Се проценува дека во земјава има од 50.000 до 100.000 возила со странски, пред се, бугарски и косовски таблички, кои секојдневно сообраќаат по македонските патишта. Нивното присуство е толку големо што ви се чини дека градовите во Источна Македонија се наоѓаат во Бугарија, а кога сте во западниот дел од земјава, како да сте во Косово. Впечатокот всушност е најмалиот проблем кај оваа појава... Повеќе »

Милијардата евра за патишта ќе отворат многу апетити

15.12.2009

Македонија ќе гради автопатишта во должина од 280 километри, за кои ќе плати околу една милијарда евра. Тоа е огромна сума, која ќе им ги отвори апетитите на многумина и од државниот и од приватниот сектор за добивање парче од вредниот колач. Дури и трошките од овој колач се многу пари. Искуството на земјите во регионот, кои уште пред неколку години почнаа да градат скапи и стратешки важни патишта... Повеќе »

Руските долари се малку!?

04.12.2009

Последната оптимистичка најава од министерот за финансии Зоран Ставрески од пред десетина дена дека во идната година ќе започне изградбата на гасоводот во Македонија и дека гасификацијата ќе заврши за три години повторно го отвори болното прашање. Дали ова е остварливо? Според Министерството за економија, за целосна гасификација на земјата се потребни 450 милиони евра. Да претпоставиме дека парите... Повеќе »

Aларм за домашните трговци, но и за девизните резерви?!?

27.11.2009

Бројот на граѓаните кои одат на шопинг во странство досега не беше многу голем поради две причини: визите и немањето пари. Но, сега работите се менуваат. Откако ќе се укинат визите за шенген земјите, шопингот станува многу поедноставен и поевтин бидејќи може да се очекуваат пониски цени на авионските карти и организирање масовни шопинг-тури од туристичките агенции. Тоа ќе ги погоди домашните... Повеќе »

Ќе го праша ли некој овој моторџија кога ќе ги врати парите во Сведмилк?!

02.11.2009

Криминалот вреден многу милиони евра, во Сведмилк, и сите негови протагонисти во него – криминалците и оние кои треба да откриваат, кој датира уште од денот на удирањето на темелите на млекарницата, фати таква насока што не ветува брзо излегување на чистина! Клопчето наместо да се одмотува, дополнително се замотува!? Владата упорно молчи, а не треба!? Цели четири месеци стечајната постапка се... Повеќе »

Каде отидоа 50 милиони евра државна помош?

19.10.2009

За три години, од 2006 до 2009 година, од македонскиот буџет се издвоени точно 50,83 милиони евра со образложение “државна помош”. Така се заведени во извештаите на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која е последниот филтер за одобрување на буџетските средства. Освен дека се одобрени пари за фирми, меѓу кои има и државни компании, нема податок кои се ефектите од оваа помош... Повеќе »

Годината ќе помине, компаниите нема да ги дочекаат кредитите од ЕИБ!

14.10.2009

По пет месеци откако Владата најави дека ќе им помогне на малите и средни компании со кредитната линија на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во вредност од 100 милиони евра, банките конечно почнаа да примаат барања за кредити со камата од 6%. Сепак, се најавува дека процедурите ќе траат и по неколку месеци, бидејќи ќе треба да поминат четири проверки: во банката, во МБПР, во ЕИБ и повторно во... Повеќе »

“Змиското око” ќе прогледа во приватни компании

05.10.2009

Зошто државата се откажа од пет патарини кои годишно & носат 11 милиони евра? Само со парите собрани за една година Агенцијата за патишта може целосно да ги модернизира наплатните пунктови со најмодерна и најфункционална опрема која ќе го “ослепи” секое “змиско око” на патарините. Ама не го стори тоа. Објаснувањето е многу штуро. “Немале локално искуство”. Па Владата немаше локално искуство за... Повеќе »

Бавната администрација го кочи бизнисот

28.09.2009

Во последниот Извештај на Светската банка “Дуинг бизнис” во која се оценуваат условите за водење на бизнис во 183 држави, Македонија е рангирана на 32 место, што е скок за 37 места во однос на лани. Ги прашавме домашните бизнисмени како тие го чувствуваат подобрувањето во бизнис-климата. Тие порачуваат дека и покрај добрите оценки во извештајот има уште многу работа на терен и многу пречки да се... Повеќе »

Предходни    1  2  3  4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20    Следни
KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,64 61,95
USD 47,79 48,03 48,27
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп