Тотал е веб портал специализиран за објавување на информации, вести, анализи и други содржини поврзани со економија, бизнис и претприемништво. Постои од октомври 2005 година, како дел од Капитал Медиа Гроуп.
www.total.com.mk од појавувањето до сега бележи континуиран пораст на посетеноста, а неговата релевантност се огледа преку големата цитираност на содржините во бројни домашни и странски медиуми.
Тотал секојдневно го опслужува обучена новинарска екипа која користејќи бројни извори на информации секојдневно објавува информации за бизнис случувањата дома, во регионот и светот, пренесува анализи и интервјуа како и занимливости, вести од светот на автомобилизмот и технологијата, информации за вино, дестинации, деловна литература и уште многу корисни и едукативни текстови за маркетинг, менаџмент, претприемништво и лидерство.
На Тотал можете да ги коментирате сите содржини и на тој начин да дадете свој придонес во информирање на нашата публика. Со коментарите сакаме да ја поттикнеме интерактивноста во македонскиот медиумски простор.
Со новиот концепт и дизајн на Тотал сакаме да станеме Вашата редовна, секојдневна доза на бизнис информации, кои ќе ги задоволат вашите целокупни информативни потреби од бизнис сферата.