Потпредседателот на владата на Србија, Божидар Џелиќ изјави дека француската компанија Sagem планира значајни вложувања во Ниш. Тој потврди дека на почеток на ноември во Париз ќе се состане со првите луѓе на таа компанија.
Џелиќ наведува дека Sagem веќе соработува со една компанија од Ниш, а француската компанија планира во Ниш да инвестира неколку десетина, а можеби и неколку стотина милиони евра. Џелиќ вели дека тоа ќе биде шанса за вработување на голем број на работници.
(Тотал)