Регионалните економски портали наведуваат дека фирмата на Мишковиќ, „Delta Real Estate” го превзела сопственичкиот удел од 63,83% од акциите во сараевската фабрика за мебел “Стандард”, која е наспроти “Сарабон”.
Иако овие две компании не ги потврдија овие информации, Комисијата за заштита од конкуренција на БиХ потврди дека не станува збор за гласини.
Имотот на “Сарабон”, некогашна “Зора”, веќе осум пати беше огласен на продажба, но до сега немаше потенцијално заинтересирани за купување.
Имотот на компанијата е вреден околу 12,5 милиони евра, додека пак долговите на компанијата кон доверители, кои треба да бидат пресметани во имотот, изнесуваат околу девет милиони евра.
Според писувањето на “Слободна босна”, Мирослав Мишковиќ” планира да ги сруши објектите на “Стандард”, a подоцна и на “Сарабон”. Весникот наведува дека, што се однесува на првата компанија, тоа би било голема штета, бидејќи голем број на работници ќе останат без работа, но уништена би била и фирмата која, која иако е во стечај, со години работи со позитивно салдо.
(Тотал)