Српската Влада ќе го поддржи Џенерал Моторс доколку е спремен да инвестира во производство на “Опел асстра“ во Србија, наведуваат во Министерството за економија на Србија.
“Србија има амбиција да постане лидер во автомобилската индустрија во овој дел на Европа. Министерството за економија и Владата на Србија ќе направат се за да се создаде позитивен амбиент за инвестирање во автомобилската индустрија“, соопштуваат од Министерството.
Според претходниот договор со Џенерал Морторс “Опел астра“ требаше да се произведува во Застава, но тоа се доведе во прашање после формирањето на заедничката компанија меѓу Владата на Србија и Фиат, која го презема имотот на фабриката од Крагуевац.
Од Министерството најавија и дека денес ќе преговараат со познатиот шведски произведувач на мебел Икеа, која исто така планира голема инвестиција во Србија.
“Како што успеавме со Фиат, ќе успемее и со Икеа. Тоа е само почеток на бранот на инвестиции кој ќе се покрене после доаѓањето на Фиат во Србија“, се вели во соопштението на Министерството за економија на Србија.
Од претставништвото на Икеа во Белград претходно беше најавено дека компанијата сериозно размислува за влез на српскиот пазар, но дека пред донесувањето на одлуката сакаат да направат проценка на климата за гринфилд инвестиции во Србија.
(Тотал)