Тековната економска состојба на претпријатијата во јули во однос на мај и јуни годинава е поповолна, оцениле раководителите на претпријатијата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Според анкетата на Заводот на статистика, обемот на производството на претпријатијата до пред четири месеци опаѓаше, а во последните три месеци има тренд на благ пораст.
“Оценката за очекуваниот обем на производството за наредниот период е многу поповолна, како и оценката за очекуваниот број на вработени. Залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под нормалата, а залихите на готови производи, во јули 2009 година, се намалени во споредба со претходниот месец” се вели во соопштението од статистика.
Според оценката на менаџерите на преработувачките капацитети, во наредниот период се очекува зголемување на просечните набавни цени на инпутите, а и благо зголемување на продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на претпријатијата во јули 2009 година, во однос на претходниот месец, е зголемено и изнесува 56,9% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јули 2009 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24,0%, недоволната домашна побарувачка со 16,2%, финансиските проблеми со 13,7% и неизвесното економско опкружување со 12,3%.
(Тотал