Македонија

И покрај кризата невработеноста и понатаму се намалува

Бројот на невработени лица во јуни изнесува 340.776 и е за 6.846 лица помалку споредено со јуни, објави денеска Агенцијата за вработување. Во јуни бројот на невработени лица изнесувал 347.622.
Според податоците на Агенцијата најголемиот број од лицата кои се регистрирани како невработени во јули, односно 20,1% или 68.221 лице се изјасниле дека се пријавуваат само за остварување на правото на здравствено осигурувње, а 271.555 лица активно бараат работа.

“Намалувањето на бројот на евидентирани невработени лица во месец јули 2009 година во најголем дел, се должи на спроведувањето на активните мерки  предвидени во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2009 година, согласно Програмата за работа на Владата, односно организирање јавни работи, субвенционирање на вработување” се вели во соопштението од Агенцијата.
Најмногу лица бараат работа во Скопје, по што следат Тетово, Куманово, Прилеп, Битола.
Според староста најмногу од невработените се на возраст од 25 до 29 години, а според степенот на образование најмногу меѓу невработените се ниски квалификации.

Во целиот свет, како последица на кризата, досега милиони лица ја изгубија работата. Според најцрните прогнози на Меѓународната организација на трудот, до крајот на годинава 50 милиони луѓе ќе останат без работа, а 200 милиони ќе паднат во сиромаштија. Наспроти овие глобални текови, во Македонија има обратен процес - паѓа невработеноста.

(Tотал)


 

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,64 61,95
USD 47,79 48,03 48,27
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп