Минатата година во Македонија 28,7% од населението било сиромашно, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според статистичките податоци, најранливи групи се повеќечлените домаќинства имајќи го предвид фактот дека 57,7% од сиромашните живеат во домаќинства со пет и повеќе членови. Стапката на сиромаштија кај невработените изнесува 38,4%, односно 43% од сите сиромашни се невработени лица. Образованието на главата на домаќинството, исто така, влијае на бројот на сиромашни лица. Имено, 56,6% од сиромашните лица живеат во домаќинства каде што носителот на домаќинството нема или има завршено максимум основно образование.
(Toтал)