Во гратчето Џорџтаун во американската сојузна држава Кентаки е продадено лото ливче кое освои 128,6 милиони долари, што е најголем џек пот во историјата на државната лотарија.
Името на добитникот засега не е познато. Се очекува да биде објавено на кој пункт било купено ливчето и победникот наскоро да се јави.
Според правилата тој може да избере дали наеднаш да ја земе половината од добиената сума, но да ја изгуби останатата половина, или да ја земе целата сума, но на делови и во продолжение на 30 години.
Шансата да се добие рекордниот џек пот била еден на 195.249.054.
(Тотал)