Компанијата „Трансценд“, глобален лидер на пазарот на мултимедиски производи за складирање, лансираше нова мемориска картичка „ултимејт клас 10 SDHC“ (Ultimate Class).
Новата класа 10 обезбедува брзина на пишување од 16 мегабајти по секунда (MB/s) и брзина на читање од 20 MB/s, додека класата два, на пример, гарантира брзина на пишување од два MB/s, а класата шест од шест мегабајти по секунда, се наведува во соопштението на компанијата.
(Тотал)