Македонија

МАТ лета во стечај

Основниот суд Скопје 2 закажа рочиште за 18 јануари за да се отвори стечајна постапка за авиокомпанијата Македонски аеротранспорт- МАТ. Авиокомпанијата годинава го загуби статусот на редовен авиопревозник, а воздухопловните власти неколкупати го приземјуваа нејзиниот единствен авион поради долговите, но и поради технички проблеми. На МАТ му беше забрането да лета кон Италија и кон Германија поради долгови кон тамошните аеродроми и воздухопловни власти.
Иницијативата за стечај ја поднесе Агенцијата за цивилно воздухопловство за да го наплати долгот околу 3 милиони евра, а ист износ од МАТ побаруваат и македонските аеродроми. Компанијата има долгови и кон европската агенција „Еуроконтрол“.
На единствениот национален превозник во септември му истече и рокот за продолжување на лиценцата за летање. Со тоа, паднаа во вода преговорите со Туркиш ерлајнс и со ЈАТ за преземање на МАТ.
Голем дел од вработените во МАТ ги презеде новоформираната компанија МАТ ервејс, кој неодамна ја презеде српскиот туроператор „Контики“.
(Дневник)

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,64 61,95
USD 47,79 48,03 48,27
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп