Регион

Хрватските трговци за девет месеци загубиле 4,6 милијарди евра

Хрватите, во првите девет месеци од оваа година, во сите облици на трговија, остварија 15% помал промет во споредба со истиот период минатата година, со што нивниот приход е намален за 33,6 милијарди куни (4,6 милијарди евра), соопшти хрватскиот Државен завод за статистика.
Падот на прометот се зголемувал од месец во месец, а од шестмесечниот до деветомесечниот извештај се зголемил за 13,6 милијарди куни.
Трговците сепак се надеваат дека овој месец ќе биде подобро и дека овогодишниот промет во декември ќе ги достигне минатогодишните 12 милијарди куни.
Вредносно најголем пад во прометот почувствуваа трговците со моторни возила, кои забележаа намалување на продажбата и на големо и на мало за 36,8%.

Прометот на моторните возила во првите три квартали минатата година изнесуваше 20,74 милијарди куни, додека во истиот период оваа година достигна околу 12 милијарди куни.
Експертите проценуваат дека прометот ќе продолжи да паѓа и во првата половина следната година, при што најголемиот пад би можел да биде регистриран на почетокот на годината. Помало опоравување би можело да се очекува во текот на пролетта, но тоа пред се би било последица на владините мерки за поттикнување на домашната потрошувачка.
(Toтал)

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,64 61,95
USD 47,79 48,03 48,27
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп