Над 1.200 новинари оваа година ја загубиле работата како резултат на економската криза, а на почетокот на 2010 година се очекуваат уште отпуштања од работа, покажуваат податоците на Сојузот на новинари на Романија
Падот на продажбата на приходи од реклами ги принуди повеќето медиуми во Романија да ги намалат платите и бројот на вработените, пишува романскиот весник „Финанчиарул“.
Најголем удар претрпеа печатените медиуми, од кои десет беа затворени. Приходите на повеќето од печатените медиуми се намалија за околу 40% во споредба во минатата година.
(Тотал)