Русија активира механизам за рано предупредување при енергетска криза со Европската унија, соопшти синоќа Европската комисија.
Причината е разлики меѓу руски и украински компании, кои дејствуваат во областа на транзитот на нафта, по услови за транзитен транспорт на нафта преку Украина. Проблемот нема ништо заедничко со испораките на гас, додаде Комисијата.
Договорот меѓу ЕУ и Русија по системот за рано предупредување при енергетска криза беше потпишан на 16 ноември во Брисел. Претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо тогаш искоментира дека тоа е „израз на добра волја меѓу двете земји да работат заедно по заемно погоден начин со цел превенција и решавање на проблемите уште тие пред да се појават“.
Во духот на тој договор Европската комисија ги повика руските и украинските компании да ги обноват испораките на нафта за ЕУ, изјави портпарол на ЕК.
(Toтал)