Македонија

Oд 1 јануари субвенции за донесени странски туристи во Mакедонија

Туроператорите и туристички агенции кои во 2010 година ќе донесат странски туристи во Македонија ќе добијат субвенции од државата. Согласно Законот за туристичка дејност, од 1 јануари ќе стапи во сила упатството од министерот за економија за субвенционирање на дел од трошоците за остварени организирани туристички воздушен, патен и железнички превоз.
Според упатството, субвенција можат да остварат организатори на пакет аранжмани за странски гости кои во Македонија ќе реализираат три ноќевања со појадок во категоризирани објекти. Субвенција ќе се обезбедува и за организиран групен превоз со закупени автобуси, авиони или закупени минимум десет места во воз од местото на  поаѓање на групата до местото на користење на услугата во сместувачкиот објект и враќање на групата на иста релација.

Туроператорите и туристичките агенции од земјава апликациите за користење субвенции ќе ги доставуваат до Министерството за економија со придружна документација во која ќе бидат содржани потврдите за закуп на сместувачки капацитети, сметки за извршена услуга за исхрана, затворената листа на патници и други потребни образци во зависност од видот на услугата.
Субвенцијата за закупен автобус со патници кои доаѓаат од Албанија, Бугарија, Србија, Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина изнесува 10 евра по патник, а за туристи од Турција, Романија, Унгарија, Словенија и Хрватска - 15 евра по патник. За туристи од другите европски земји, субвенцијата изнесува 20 евра по патник.

Субвенцијата за авионски превоз по остварен патник од европските дестинации изнесува 25 евра додека од интерконтиненталните дестинации - 45 евра. За железничкиот превоз висината на субвенцијата изнесува 15 евра по донесен патник. За комбиниран превоз кај кого при доаѓање во дестинацијата се користи авиопревоз, висината на субвенцијата изнесува по 15 евра по донесен патник.
Во упатството за субвенционирање на странски организиран туристички промет што стапува на сила од 1 јануари 2010 година, прецизирани се и роковите за поднесување на барањата за субвенции.
(Тотал)

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,64 61,95
USD 47,79 48,03 48,27
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп