Свет

Ауди ќе инвестира 7,3 милијарди евра до 2012 година

Германскиот производител на автомобили Ауди АГ, планира до 2012 година да инвестира 7,3 милијарди евра во модернизација и проширување на производството како и воведување на нови технологии. Ауди кој работи во склоп на групација Фолксваген, соопшти дека парите ќе бидат наменети за проширување на постојните капацитети, за да бројот на модели до 2015 година ќе се зголеми од сегашните на 42 од сегашните 34.
Како што најавуваат од Ауди во новите технологии ќе бидат инвестирани 5,9 милијарди евра или 80% од вкупните планирани инвестиции за тригодишниот период.
Компанијата планира во 2010 година да почне со производство на моделот А1, А7, А8 и Р8спајдер, како и моделот Q5хибрид. Сите овие модели би требало да се појават на пазарот до 2011 година.

(Toтал)

 

 

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,64 61,95
USD 47,79 48,03 48,27
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп