Македонија

Кејблтел од први октомври стартува со фиксна телефонија

Кабелскиот оепратор Кејбелтел од октомври ја зголемува понудата на аналогни и дигитални канали, најавува старт и на фиксна телефонија, но и зголемување на цената за нивните услуги за 100 денари.
На денешната прес-конференција извршниот директор на компаниајта Џефри Ален Финли и оперативниот директор Стојан Ѓоргоски истакнаа дека од 1 октомври Кејбелтел се декларира како повеќекратен сервис оператор, кој ќе обезбедува Трипл плеј услуга (видео, интернет и телефонија) за корисниците во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Штип.
Покрај ова тие информираа дека ќе се прошири видео понудата со зголемување на аналогните канали на 65 и обезбедување на 70 нови дигитални канали во Скопје и 55 дигитални канали во Штип. Тие очекуваат дигитални канали да имаат нивните корисници до крајот на 2008 година во Куманово и Велес, а во првите три месеци од наредната година во Тетово.
“Наредниот месец ќе ги лансираме нашите телефонски услуги, како и повиците во мрежата на Кејбелтел кои за нашите претплатници ќе бидат бесплатни”, потенцираат Финли.
Ќе може да се изберат повеќе пакети со бесплатни импулси. Цените, како што потенцираат од компанијата, ќе бидат достапни за секој граѓанин, а пакетите ќе бидат адаптирани на потребите на корисниците. 
Зголемувањето на цената за 100 денари, тој ја  оправда, со можноста корисниците да ги заштедат преку новите дабл и трипл плеј пакети.
За да се овозможат овие услуги, компанијата, како што информираа на прес-конференцијата, инвестирала дополнителни пет милиони евра во надградба на мрежата во подружниците со цел да се обезбедат трипл плеј услугите - видео, интернет и телефонија. Овие средства се искористени за надградба на мрежата и купување на нова интернет опрема со цел да се подобри  квалитетот на услугите.
(Тотал)

 

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,64 61,95
USD 47,79 48,03 48,27
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп