Денес во Охрид започна петтата конференција за ИТ асоцијации и компании, за земјите во Централна и источна Европа, МАСИТ 2008. На отварањето беше истакнато дека ИТ развојот на земјите од Централна и Источна Европа, но и за земјите членки на ЕУ треба да биде приоритетен, се со цел што побрзо да се развие информатичкото општество. Почетниот говор го имаше Васко Кроневски, претседател на МАСИТ, важноста за разменување на искуства и идеи меѓу ИТ компаниите и асоцијациите е повеќе од важна за развојот на нвиот свет. Заменик министерката за Инфораматичка технологија на Република Македонија Мирјана Секуловска, истакна дека Македонија е првата земја во регионов, која со проектот Компјутер за секое дете, успешно започна со имплементацијата стратегијата за развој на информатичкото општество.
“Со проектот компјутер за секое дете Владата на Р. Македонија, ги фрли темелите на континуираниот развој на Македонија како информатичко општество.
Нашите следни проекти се Електронска Влада,Електронско Зравство, Електронска Администрација. На добар пат сме од Македонија да изградиме информатичко општество“, изјави Секуловска.
Пред присутните се обрати и министерот за јавна администрација на Словенија, Алеш Добникар, кој се пофали дека Словенија е на второто место во Европа, во електронското функционирање на институциите во секој поглед.
“Словенија е една од најуспешните приказни во ЕУ, за функционирањето на е- администација, а нашата цел е да продолжиме со имплементирањето на информатиката во општество. Демократско право е преку благодетите на информатиката, да ги доближиме и скратиме административните процедури на граѓаните“, истакна Добникар.
На дводневната конференција учествуваат бројни ИТ асоцијации и компании од земјите на Централна и Источна Европа. Денес и утре тие ќе имаат многубројни дискусии, презентации и тркалезни маси, на тема “Движењата и развојот на ИТ секторот во земјите од Централна и Источна Европа“.
(Тотал)