Ми-Да, Благоја Пискачев новиот генерален директор на групацијата, Марјан Маринов, генерален директор на Ми-Да моторс и Серафим Николов, генерален директор на Ми-Да ауто.
По повод јубилејот до крајот на годината Ми-Да одобрува роденденски попуст за сите заинтересирани за купување еден од моделите на Волво: C30, C/V/XC70, S40, S/XC60, S80, V50 и XC90 во висина од 8% на крајната цена на автомобилот.
Во текот на есента 2008 година од компанијата најавија доаѓање на новиот хит на Волво на македонскиот пазар – XC60. Модел, кој ќе ја заокружи веќе богатата понуда на Волво, која ја има Ми-Да.
По повод јубилејот од компанијата најавија и попуст на попуст на моделот Ford Focus. До сега за овој автомобил се добивасе попуст од 1.200 ЕУР, а во следните 2 месеца, купувачите ќе добиваат дополнително попуст од 500 ЕУР, што вкупно на крајната сума ќе биде намалување од 1.700 ЕУР.
“Фирмата Ми-Ди е една од малубројните фирми во Македонија што почнаа со работа пред 20 години и успешно излегуваа на крај со сите проблеми што ги носи бизнисот во една држава во транзиција“, изјави пред присутните сопственикот на групацијата Маријан Миноцски, потсетувајќи дека Ми-Да е првата и најстара компанија во Македонија, за продажба и одржување автомобили, продажба на резервни делови, аудиоопрема и додатоци.Групацијата Ми-Да започна со работа уште во 1988 година со мал сервис за миење возила, кој со текот на годините прерасна во современ центар за дневна нега на автомобили.
“Но мојата визија беше проширување во другите сегменти поврзани со автомобилизмот, од кои најважен е продажба и сервисирање автомобили од светски познати заштитни марки“, се присети сопственикот Миновски.
Во 1989 година е основана првата приватна компанија за увоз и одржување на возила во Македонија , најпрвин започнувајќи увоз на автомобили програмата на Лада. Во 1994 година компанијата станува овластен дистрибутер на возила од програмата на Фиат, а во 1997 го носи и Форд во Македонија.Од оваа година компанијата Ми-Да е овластен дилер за возила од марката Волво.
Сервисот за миење возила за 20 години прерасна во гигант во областа на автомобилизмот во Република Македонија. Од само пет вработени, денес вкупната бројка на вработени во групацијата Ми-Да, заедно со сите кооперанти што се во функција на бизнисот, е околу 200.
Идните планови на компанијата се довршување на изградбата на нов центар за ламаринарски и бојачки услуги во Визбегово кој се протега на површина од 6.500м2, во кој ќе биде сместен и складот за возила под царински надзор, а неодамна започна и изградбата на втората фаза на објектот, кој ќе содржи нов изложбен салон за Волво, ресторан и кафетерија, управна зграда и многу други содржини.
(Тотал)