Маккар, генералниот застапник за возилата на BMW и MINI во Македонија, денес ќе ги отвори новите BMW и MINI центри во Скопје. Како што најавија од компанијата, новите простории ќе бидат најексклузивни и најсовремени центри за автомобили во Македонија.
На промоцијата која ќе се одржи денес, свое обраќање ќе имаат генералниот управител на Маккар, Мирослав Вранешевиќ, сопственикот на Маккар, Александрос Маниатопулос, како и Кај Зиглер, потпретседател на пазарите на увозници од BMW Групацијата.
(Тотал)