Интервјуа

Зоран Нарашанов, генерален директор на Сигма осигурување

Квалитетно осигурување и безбедни клиенти е нашата цел

Игор Петровски

Откако моќната австриска  групација Vienna Insurance Group влезе во Сигма осигурување, веќе ништо не е како порано во оваа македонска осигурителна куќа. Новите акционери, заедно со новиот менаџмент најавуваат силен продор на пазарот и развој на претходно запоставените класи на осигурување
Со директорот на Сигма осигурување разговаравме околу новата стратегија и визија за развојот на компанијата, сега, по влезот на големата  австриска групација Vienna Insurance Group.

-Како помина 2008 година за Сигма осигурување по исклучително лошата 2007?

За Сигма 2008 година беше година на промени и стабилизација. Период на предизвици, реструктуирање и консолидација. Обезбедивме сериозна докапитализација и исклучителна финансиска стабилност.
Во право сте, 2007 е неуспешна година, но тоа е минатото кое припаѓа на некои други акционери и менаџери. Единствен начин да се справиме со последиците од тоа минато, беше наметнување на неопходни и итни  промени. Така и почнавме, со нов, силен и моќен акционер, финансискиот фонд TBTH, во доминантна сопственост на Vienna Insurance Group (Виена осигурителна групација).
Сега сме со нов, но искусен и успешен менаџмент подготвен да се справи со предизвикот и конечно, основа на успехот во 2008-ма се луѓето, вистинските луѓе во нашата компанија, кои се и гарант за стабилна иднина. Денес Сигма е пријатно место за работа, квалитетна работна средина со целосна компензација за напорната работа преку конкурентен систем за наградување. Минатата година почна да функционира програмата “Кариера со Сигма”, посветена на привлекување на искусни и докажани менаџери, како и регрутација на млади таленти со што истовремено обезбедивме компетентност, едуцираност, мотивација и искрена желба и напор за градење на сопствената кариера и иднина во компанијата. Воедно, градиме стабилен осигурителен портфолио со нашите клиенти како долгорочна стратешка цел. Приемот во осигурување со контролиран опфат на ризиците и строгото третирање на трошоците, влијаеше позитивно на профитабилноста, па така создадовме систем кој е спремен да одговори на сите предизвици на конкуренцијата и на пазарните услови.

-Какви промени од квалитативна природа се случија во компанијата по влегувањето на Виена Осигурителната Групација (ВИГ), односно кои се најголемите придобивки од присуството на ваква голема европска компанија?

Докапитализацијата и финансиската стабилност се исклучителна придобивка. Но, со влегувањето на ВИГ во Сигма добивме можност да станеме дел од една компанија со извонреден рејтинг во европски рамки, со веќе воспоставени високи стандарди во осигурувањето, компанија со извонредна услуга во сите осигурителни продукти. Сето тоа претставуваше голема одговорност за нас, затоа што требаше да ги примениме стандардите соодветни за таа групација, кои претставуваат докажана основа за успех и развој.
Истовремено, за нас стана достапен трансферот на знаење и структурата на нови, потенцијални продукти. Секако ни следеше и соочување со сериозните корпоративни барања, како и пристапот до европската регулатива за која навремено се подотвуваме. На пример, Сигма веќе учествува во корпоративното практикување на Европските директиви, како на пример Slovence II, која има позитивно влијание на нашите активности како успешен механизам за подигнување на професионалноста на управувањето, мерењето, процената и контролата на ризикот при приемот во осигурувањето. Тоа во основа значи безбедни осигуреници по европски стандард во нашата компанија која практикува рационален одржлив развој како сегмент од моќна гобална осигурителна корпорација. 
Со доаѓањето на ВИГ обезбедуваме и современа дообука на нашите вработени со постојано присуство на конференции и семинари обезбедени од страна на групацијата.

Секогаш близу до клиентот и неговите потреби

-Како е стратешки е позиционирана Сигма осигурување?

Секогаш близу до клиентот и неговите потреби, иновативно, чесно, одговорно. Воедно нашата поставеност е и секогаш близу до светот, до иновации и интернационални знаења, можности и беспрекорна соработка. Квалитетно реосигурување и безбедни клиенти е нашиот императив.
Сигма денес е дел од ВИГ, водечка осигурителна корпорација во Централна и Источна Европа со повеќе од 180 години искуство  достигнувајќи ги највисоките деловни цели со висок квалитет и иновативна услуга во животното, имотното, задолжителното, здравственото, моторното и останатите видови осигурувања. Тоа е доверба во Сигма, во нашата иднина, стручност, амбициозност, инвентивност, посветеност и упорност во работата. Тоа е основа на нашата амбиција да прераснеме во водечка осигурителна компанија во Македонија, поточно синоним за чесно и квалитетно осигурување.

-До структурните промени во Сигма, во нејзиното портфолио, апсолутна доминација имаше задолжителното осигурување од автоодговорност кај моторните возила. Каква е структурата сега и колку Сигма осигурување има стратегија да го зголеми учеството на останатите класи осигурување?

Инвестиравме премногу за да си дозволиме занимавање само со еден продукт. Тоа е минато. Ние сме сериозна осигурителна компанија со диверзифицирано портфолио на осигурување, со значително зголемен структурален процент, пред сe на имотното осигурување. И понатаму имаме атрактивна понуда за осигурување на моторните возила, но нашата намера е јасна-да прераснеме во вистински осигурителен пункт каде клиентите ќе може да добијат сеопфатни решенија за нивните потреби, по рационална цена и исклучително поволни услови за плаќање. Сигурни сме дека со нашите флексибилни продукти во целост одговараме и на најпребирливите барања на осигурителниот пазар. Впрочем, ние сме тука само заради нашите клиенти.

-Кои би биле носечки продукти во новата визија и стратегија на Сигма?

Носечки продукти се пакетите за осигурување што претставуваат комбинација од повеќе тарифи во еден пакет, прилагодени на соодветни бизнис-сегменти, како пакетот за осигурување на здравствени установи и аптеки, бизнис-пакетот за осигурување на мали и средни фирми, комерцијален пакет наменет за големи компании... Особен акцент имаме на осигурувањата од одговорност од дејност, кои во последно време се с$ повеќе барани.
Подготвивме специјални пакети за одделните кластери во бизнисот кои се прилагодени кон пазарните потреби.  Нашите  продукти за одговорност од дејност како и осигурување од прекин на работа само го надградуваат нашето обемно портфолио на комплетна осигурителна компанија. Посебен акцент од нашето работење е насочено кон постпродажната услуга, целосно насочена кон беспрекорно брзо решавање на штетите и обезбедување на бизнисот, имотот, возилата, дејноста и здравјето на нашите осигуреници.

 “Никој не е толку богат за да не го осигура својот имот”

-Според вас, зошто македонските граѓани слабо го осигуруваат имотот, а уште помалку е прифатено животното осигурување?

Вината ја гледам и во самите осигурителни компании, што не успеале доволно да го приближат осигурувањето до граѓаните, а и во самите нас како народ. Навистина е огромен потенцијалот во сферата на имотното и животното осигурување. Во овие кризни времиња мислам дека исклучително значајно е секој да го сочува својот имот, а тоа е едноставно и евтино.
Луѓето мислат дека осигурувањето на нивниот имот е многу скапо, веројатно тргнувајќи од фактот што осигурувањето на нивниот автомоибл е релативно скапо, па често пати кога ќе ја пресметаме премијата на годишно ниво, мислат дека станува збор за месечна рата.
На пример, нашиот продукт за  комплетно, годишно и целосно осигурување на еден стан од околу 50 м2, вклучувајќи ја и одговорноста кон соседите за нанесување на штета на нивниот имот, изнесува околу 2000 денари. Тоа е помалку од 170 денари месечно. За тие пари не може да испиете ни две кафиња во град. Кажете ми сега дали е скапо осигурувањето на еден стан? Тоа е сума која ви овозможува мирен сон, безбеден имот, а богами и добрососедски односи. Се обезбедувате себеси, сe што е ваше, сe што сте создале во вашиот живот. Во основа никој не е доволно богат за да го избегне имотното осигурување кое кај нас е исклучително поволно.
Дополнително е што при осигурувањето на имотот кај нас, за отстранување на последиците од штетите и враќање на објектите во претходната состојба ангажираме фирми кои квалитетно и брзо ја санираат штетата согласно барањето на нашиот клиент.
Што се однесува до животното осигурување убеден сум дека тоа е деловен сегмент во кој во скора иднина со ВИГ, со својата корпоративна моќ, знаење, капитал, искуство, репутација и бренд ќе донесеме вистински продукти,  исклучително поволни за македонскиот пазар,  согласно неговата зрелост, актуелниот економски развој и соодветната куповна моќ на населението.

-Кои се вашите проценки за развој на осигурителниот бизнис во земјава во следниот период, со оглед на моменталната економска криза?

Многу е тешко да се пресметаат последиците и негативните влијанија на глобалната финансиска криза во сферата на осигурувањето во Македонија. Не можеме да помислиме дека ќе останеме недопрени од кризата, особено во реалниот економски сектор, кој нема да има пристап до финансиски ресурси во рамки на реални економски критериуми,  со што потрошувачката неминовно ќе се редуцира. Глобално, осигурителните компании ќе претрпат значајни загуби во инвестициското портфолио доколку биле алчни во нивните финансиски пласмани бирајќи ризични финансиски инструмент.
Осигурителната дејност во Македонија сепак може без сериозни проблеми да ја преброди кризата. Во основа нашиот осигурителен пазар не е директно изложен на светската финансиска криза со оглед на ниската софистицираност и интегрираност која во овој случај стана предност. Секако како дел од глобалното опкружување ќе споделиме кризен амбиент пропорционален на нашата поврзаност со  реалниот сектор,  што ќе предизвика намален агрегатен осигурителен волумен. Осигурителните компании ќе мораат да имаат конзервативен пристап во пласманите на финансиските средства, како и внимателен прием во осигурувањето фокусиран на реални приходи и елиминирана виртуелна премија. Доколку навреме и структурирано се започне со рационализација на трошоците, последиците од кризата, па дури и потенцијалната рецесија може да се неутрализираат.
Суштествено, осигурувањето со својата функција на преземање и покривање на ризикот, нема алтернатива и нема дилеми дека неговата иднина како економска активност без двоумење е перспективна, особено за компаниите кои се дел на сериозни и моќни осигурителни групации.


 

Informacija za Osiguruvanje

Објавено на 20.07.2009, од Todorka Popova

na kolku vreme izleguva spisanieto osiguruvanje, dali moze da se pretplatam i kolku cini

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,64 61,95
USD 47,79 48,03 48,27
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп